Кристијан Ериксен веќе два дена се наоѓа во Милано и во наредните часови се очекува и официјано да го раскине договорт со Интер.
Играчот од средината на теренот кој имаше срцев удар на изминатово Европско првенство, не смее да игра во Италија бидејќи Федерацијата во оваа земја не им дозволува играчите да имаат вграден дефибрилатор.
Интер и Ериксен немаа друг избор освен да сочекаат до декември со цел Данецот да ја добие комплетната плата додека не игра.
Правилата на УЕФА налагаат дека доколку фудбалер доживее сериозна повреда додека настапува за репрезентација, тогаш тие го покриваат целиот износ на платата додека играчот мора да биде под договор со тимот.
Сè позивесно е дека Ериксен ќе се врати во клубот каде што имаше блескави настапи, а тоа е Ајакс.
Со него, екипата од Амстердам ќе се обиде да стигне уште подалеку во овогодишната Лига на шампиони.