Ериксен е подготвен за нов почеток, ќе биде бајка ако се врати каде што ја почна кариерата

Кристијан Ериксен е подготвен да ја продолжи  професионалната фудбалска кариера и веројатно ќе има опција како од бајките, да почне ново поглавје во Ајакс, клубот што му беше прв во кариерата.

Ајакс е заинтересиран да му пружи шанса на Данецот да продолжи да игра, по страотниот инцидент и срцевиот удар што го доживеа лестоска на почетокот на Европското првенство.

Ериксен беше во позиција на клиничка смрт, но со брза интервенција лекарите му го спасија животот.

Потоа течеше успешна рехабилитација на одличниот фудбалер, но поради правилата во Италија дека не може да игра со вграден дефибрилатор Ериксен се раздели со Интер.

Денеска Данецот објави дека сигурно ќе ја продолжи кариерата, а Ајакс потврди дека е заинтересиран да го врати играчот што настапуваше за нив од 2010 до 2013 година.

Ериксен има статус на слободен агент и Ајакс може да го ангажира без отштета.

- Оглас -

Најнови вести