Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој неодамна наполни 30 години, по осуммесечна пауза поради проблеми со срцето, му се врати на фудбалот и задоволен е од формата.
Ериксен играше два пријателски меча за Брентфорд против мали клубови од западниот дел на Лондон и имаше три асистенции.
„Добро се чувствувам, и физички и ментално. Пријатно сум изненаден како реагира моето тело. Напорно работев, тренирав, но не очекував дека ќе биде баш вака. Играв 80 минути и тоа е добра стартна позиција. Ја имам истата возбуда и љубов кон фудбалот како и претходно“, изјави фудбалерот, кој за малку избегна смрт откако срцето му застана и колабираше на терен за време на меч од Европското првенство во јуни минатата година.
Засега е неизвесно дали Ериксен ќе игра во Премиер лигата до крајот на сезонава, но негова главна цел е да биде во составот на Данска на Мундијалот во Катар во ноември и декември.