16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ериксен ја испрати првата порака од болница

Кристијан Ериксен полека закрепнува по срцевиот удар кој го доби за време на мечот Данска – Финска на Европското првенство. Капитенот на Данска во еден момент од мечот падна на теренот и настана паника. Веднаш реагираа лекарите, кои успеаја да го реанимираат Ериксен и да го вратат во живот.

Фудбалерот на Интер веднаш беше пренесен во болница во Копенхаген, а 30-тина часа по несреќниот случај, Ериксен за првпат испрати порака, и тоа преку неговиот менаџер.

„Благодарам, нема да се предадам. Сега се чувствувам подобро, но сакам да знам што ми се случи. Сакам да изразам благодарност на сите оние кои ми помогнаа и се грижеа за мене“, е пораката на Ериксен.

 

- Оглас -

Најнови вести