Повеќе медиуми од Островот тврдат дека Кристијан Ериксен кариерата ќе ја продолжи во Манчестер јунајтед. Данската ѕвезда наводно ја прифатила понудата на Црвените ѓаволи и се очекува да стави потпис на тригодишен договор.
Ериксен по закрепнувањето од проблемите со срцето, го напушти Интер и се врати во Премиер лигата, каде што минатата полусезона ја мина во редовите на Брентфорд. Одлучи да бара нов предизвик, па иако се најавуваше сензационален камбек во Ајакс, се чини дека сега е поблиску до портите на „Олд Трафорд“.