Реал Мадрид повторно ќе се обиде да го купи Кристијан Ериксен од Тотенхем, а според најавите трансферот ќе биде реализиран во следниот преоден рок, во симзкиот што доаѓа и тоа за сума од 20 милиони евра.
Според информациите на шпанските медиуми, семејството Леви, кое раководи со лондонскиот клуб нема избор, бидејќи Данецот не сака да го продолжи договорот со Тотенхем, а важечкиот му истекува следното лето, па ризикот е да се загуби одличниот играч без оштета.
Реал притискаше и ова лето за ангажман на Ериксен, но не успеа, па сега ќе има нова шанса, веќе оваа зима. Сумата од 20 милиони евра за данскиот репрезентативец е многу мала, за квалитетот на Ериксен и особено во споредба со цените на трансферите во последно време, но фактот што може да биде слободен агент идното лето, го принудува Тотенхем сериозно да размислува за понудата на кралскиот клуб.