Ериксен: Не сум заборавил што се случи пред три години, но ќе дадам сѐ од себе за успех на Данска

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен не е загрижен поради срцевиот удар што го доживеа на последното Европско првенство во 2021 година, во пресрет на неговото враќање на големата сцена во Европа со селекцијата на Данска в недела.

„Кога ми рекоа дека можам повторно да играм фудбал, мојата цел беше да се вратам на ова ниво“, изјави Ериксен пред пред натпреварот против Словенија.

„Не сум заборавил што се случи. Но, тоа не ме запира. Едноставно, со нетрпение очекувам да играм“, додаде 32-годишниот играч од средниот ред, кој колабираше за време на првиот натпревар на Данска против Финска пред три години во Копенхаген.
Тој беше реанимиран и се врати во фудбалот неколку месеци подоцна, откако му беше вграден дефибрилатор.

„Сè што ќе трае подолго од еден натпревар ќе биде подобро за мене од последниот пат“, продолжи фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Селекторот Каспер Хјулманд исто така верува дека Ериксен нема да биде засегнат од спомените од 2021 година во Германија, каде што Англија и Србија се другите противници на селекцијата во групната фаза.

„Тоа е едноставно Кристијан. Со нетрпение го очекуваме нашиот почеток на турнирот“, изјави Хјулманд.

 

 

- Оглас -

Најнови вести