Кристијан Ериксен полека закрепнува по срцевиот удар што го доби на дуелот Данска – Финска. Капитенот на Данска колабираше на теренот пред крајот на првото полувреме, а лекарите неколку минути се бореа да го реанимираат и на крајот успеаја да го вратат во живот.
Фудбалерот веднаш беше префрлен во болницата во Копенхаген, а сите беа во исчекување на тоа во каква состојба се наоѓа. Ериксен денеска ја постираше и првата фотографија од болничкиот кревет. Фудбалерот е насмеан и упати охрабрувачка порака.
„Здраво на сите. Големо благодарам на сите за поддршката што ми стигна од целиот свет. Тоа многу ми значи мене и на моето семејство. Јас сум добро со оглед на околностите во кои се наоѓам. Морам да поминам уште некои испитувања во болницата, но добро се чувствувам“, напиша Ериксен на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram