Кристијан Ериксен веќе е во Милано, каде што треба да стави потпис на договор со Интер. Данецот ќе биде ново засилување на Нераѕурите, за кого издвоија 20 милиони евра. Ериксен прво ќе треба да ги изврши медицинските прегледи пред да го официјализира ангажманот.
Иако плејмејкерот на Тотенхем по крајот на оваа сезона ќе беше слободен агент и клубовите имаа прилика да го ангажираат без отштета, Интер не остави ништо на случајот и одлучи да го прифати условот на клубот од Лондон со цел да ги добие неговите услуги уште сега.
https://twitter.com/ale_rimi/status/1221724334806401026?s=21