Само 20-тина дена откако се врати на фудбалскиот терен, Кристијан Еркисен повторно доби повик да заигра за националниот тим на Данска. Повеќе од половина година Ериксен беше надвор од терените поради срцевиот удар што го преживеа на Европското првенство минатото лето.
На дуелот меѓу Данска и Финска, Ериксен падна на теренот, а благодарение на брзата лекарска интервенција, фудбалерот беше спасен и однесен во болница. Данецот закрепна, му беше ставено помагало на срцето, но мораше да си замине од Интер затоа што во Италија на таквите фудбалери не им е дозоволено да играат на професионално ниво.
Ериксен не се откажа и реши да продолжи, потпишувајќи за Брентфорд во Премиер лигата. Кога заигра за англискиот тим, Ериксен покажа дека е во одлична форма и во четири меча кои ги одигра имаше три асистенции.
Токму затоа селекторот на Данска, Каспер Хјулманд, реши да го повика Ериксен за двата пријателски меча против Холандија и Србија кои ќе се играат овој месец.