Кристијан Ериксен се чувствува добро и закрепнува во болницата во Копенхаген по срцевиот удар кој го доби за време на дуелот Данска – Финска. Капитенот на Данска падна како покосен на тревата, а лекарите едвај успеаа да го спасат. Селекторот на Данска Каспер Хјулманд беше да го посети Ериксен во болница.
„Рече дека не се сеќава на ништо од тоа што се случило и дека е многу загрижен за своето семејство и за нас во репрезентацијата. На играчите им порача дека изгледаат полошо од него и дека се чувствува добро, дури и дека може да почне да тренира. Кристијан е голем играч, а уште поголем човек. Сака да продолжи да игра фудбал. Ми беше убаво кога го гледав како се смее. Ќе се обидеме да се сконцентрираме и да победиме за него. На дел од играчите многу тешко им падна тоа што видоа што му се случи на Кристијан, но се надевам дека тоа само уште повеќе ќе нè обедини сите“, вели Хјулманд.
Данска во првото коло загуби од Финска со 1:0, а во второто коло, на 17 јуни противник ќе им биде Белгија.