Ериксен го сруши рекордот по бројот на продадени дресови во Брентфорд

Кристијан Ериксен е херојот на зимскиот преоден рок. Фудбалерот кој само пред седум месеци претрпе срцев удар на теренот и беше блиску до смртта, сега повторно е активен.

Данскиот репрезентативец имаше операција на срцето во која му беше вграден дефибрилатор. Со такво помагало во Италија не дозволуваат настап на професионални фудбалери, па Ериксен мораше да бара нов клуб.

Англискиот премиерлигаш Брентфорд потпиша шестмесечен договор со Ериксен и само по четири дена се покажа дека тоа е исправен потег, барем од маркетиншки аспект.

Од целиот свет почнале да пристигнуваат нарачки за купување на дресот со името на Ериксен. Навивачи од Данска, САД, Австралија, Јужна Кореја, па дури и од Гренланд барале да купат дрес од Ериксен.

На клупската страна само за еден ден пристигнале вкупно барања од 21 земја во светот, а бројот на нарачки бил за 30 пати повеќе од вкупниот број нарачки за дресови минатата година во цел февруари.

- Оглас -

Најнови вести