Ериксон имаше едно непријатно искуство со Македонија, беше во шок по голот од корнер на Шаќири (Видео)

Свен-Јоран Ериксон пред малку повеќе од 20 години одлучи да ја прифати понудата да стане прв селектор странец на репрезентацијата на Англија, а за петте години работа во Гордиот Албион имаше дуели и со Македонија, од кои едниот, секако, го паметеше до денешниот крај на неговиот живот поради еден момент.

Ериксон беше селектор на Англија кога во Саутхемптон, во квалификациите за ЕП 2004, Англија и Македонија во октомври 2002 година одиграа 2-2. Шок за Ериксон не беше само конечниот резултат, туку уште повеќе начинот на кој Црвено-жолтите дојдоа до водство.

Артим Шаќири постигна фантастичен гол од корнер. Голманот Дејвид Симан не знаеше што го снашло, а во шок беше и Ериксон, кој беше како замрзнат на клупата и неколку секунди гледаше во една точка во неверица, пред да го почеша носот како знак на лутина.

Потсетување на голот на Шаќири и реакцијата на Ериксон:

- Оглас -

Најнови вести