Ериксон: Во Фарски Острови сите фудбалери се аматери, ама тренираат и напредуваат на секое поле

Селекторот на Фарски Острови, шведскиот тренер Ериксон, вели дека е задоволен од покажаното на дуелот против Македонија иако неговиот тим загуби.

„Можеби е малку чудно да се каже по еден пораз, но јас сум горд на моите играчи.  Игравме многу рамноправен меч против добар противник. Стартувавме со седум нови играчи во однос на дуелот со Молдавија и сум задоволен“, вели селекторот Ериксон, кој откри како се развива фудбалот во оваа мала земја.

„Во секое мало село има црква и фудбалско игралиште. Јас како Швеѓанец сум импресиониран како се работи во земја која има само 52.000 жители. Иако сите фудбалери се аматери, тренираат како да се професионалци и напредуваат како на тактичко-технички така и на физички план“, објаснува Ериксон.

Што се однесува до шансите на Македонија за пласман на ЕП 2024 година, Ериксон е реален дека имаме мали шанси за успех во толку тешка група.

„Македонија има многу висок технички квалитет. Играта еден на еден им е одличен. Сепак, одбраната не ви е најсилна страна, играта без топка треба да се менаџира повеќе. Сепак, ова е фудбал, ја имате победено Италија еднаш, зошто тоа да не го повторите“, заврши Ериксон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести