Ерменија е најпријатното изненадување во квалификациската група во која е и Македонија, бидејќи собра максимални 9 бода во мартовските три меча. Вечерва Ерменците ја шокираа Романија со 3-2, а домашните победата ја остварија со два гола во 87-ма и 89-та минута. Победничкиот гол беше дело на некогашниот вардарец, Тигран Барсегјан, од пенал.
Ерменија водеше со 1-0, па Романците направија пресврт. Во 78-ма минута Пушкаш доби црвен картон, а со играч помалку на терен, Романците примија два гола во финишот, и после победата над Македонија, сега имаат два порази по ред.
На трибините на стадионот во Ереван имаше 10.000 луѓе, кои беа од голема помош за домашната селекција.