Ерменците набрзина избраа нов селектор, наследник на Вардан Минасјан, а против Македонија ќе ги предводи релативно анонимниот Ермен Гјулбудагјанц.
Иако имаше повеќе опции за странски селектор, сепак, челниците на Федерацијата во недостиг и на време до почетокот на квалификациските дуели со Гибралтар и Македонија, одлучија да го именуваат поранешниот селектор на младата селекција на Ерменија.
И веднаш Гјулбудагјанц се соочи со кадровски проблеми, па не го повика Арас Озбилиз. Еден од главните фактори во играта на ерменската селекција е повреден и нема да игра ниту против Гибралтар, ниту со нас.
На поширокиот список на новиот селектор ги нема ниту „интернационалците“ од Јужна Америка, Монрој и Бријаско.