Ерос Рамацоти ги разнежни Гробарите

Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти, кој синоќа одржа концерт во Скопје, за време на балканската турнеја неодамна имаше концерт и во Белград, каде што позираше со дрес на Партизан, а клубот се пофали со фотографија.

Ерос е навивач на Јувентус, а на Србите им кажа дека поради боите на дресот кои се исти како кај Јуве, Партизан му е вториот омилен тим.

„Како осведочен навивач на Јувентус, пејачот Ерод Рамацоти со воодушевување го прими дресот на Партизан со црно-белиот колорит и рече дека тој му е омилен клуб по Јуве“, објавија од Партизан.

Штета што во Македонија немаме некој популарен клуб со црно-бели дресови, можеби Рамацоти синоќа во Скопје ќе кажеше дека тој му е втор омилен по Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести