Ерупции на Лилард и Бертанс, на Кари и кога не му оди шутот дава 25 поени (Видео)

Демиен Лилард имаше феноменална вечер во Њу Орлеанс и речиси сам ги победи Пеликаните со 126-124. Лилард стана првиот член на Портланд по славниот Клајд Дрекслер, кој имал над 40 поени и 15 асистенции на еден меч. Лилард заврши со 43 поени и 16 асистенции (стана петти во историјата со вакви бројки), а ги даде и клучните три поени при негатива на неговиот тим од 123-124. Иако на листата на повредени се Меколум, Нуркиќ и Колинс, Блејзерс има шест победи по ред благодарение на Лилард.

Јута го порази Клиперс, за деветта победа во низа на најуспешниот тим сезонава, а голема драма имаше на мечот помеѓу Вашингтон и Денвер. Визардс победија со 130-128 откако Бредли Бил погоди две слободни фрлања на 0,1 секунда до крајот. Давис Бертанс погоди дури девет тројки и беше изненадувањето кое Вашингтон му го приреди на Нагетс.

Голден стејт по продолжение славеше против Мајами. Хит водеше и со 19 поени разлика, но Воините направија голем пресврт во последната четвртина. Иако воопшто не му одеше шутот на Стеф Кари, тој сепак погоди две важни тројки и заврши со 25 поени од кои 11 во последната четвртина и екстра периодот.

- Оглас -

Најнови вести