Ерупција во Неапол – Наполи е шампион! (Видео)

Наполи е нов шампион на Италија, откако во последното коло ја задржа предноста од еден во однос на Интер, совладувајќи го Каљари на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 2-0. Скот Мектоминеј и Ромелу Лукаку беа стрелци на головите за Наполитанците.

Повеќе од 500.000 луѓе бараа билети за овој меч, а само најсреќните имаа можност да гледаат во живо. Ќе се слави во Неапол неколку денови, можеби и недели.

Наполи знаеше дека му е потребна победа за освојување на Скудетото. Скот Мектоминеј во 42-та минута постигна прекрасен гол со ножички за водство од 1-0, а на почетокот на вториот дел Ромелу Лукаку зголеми на 2-0. Тоа беше доволно за триумф и четврта титула во историјата на клубот.

Интер победи на гости против Комо со 0-2, со головите на Стефан де Фрај и Хоакин Кореа, но сепак остана на второто место.

- Оглас -

Најнови вести