Еспањол со поразот од претпоследниот Леганес од 0-2, покажа дека во моментов е најслаб тим во шпанската Примера дивизија, и ако не се засили сериозно во јануарскиот преоден рок, Барселона може да остане единствен во лигата тим од најголемиот каталонски град.
Мартин Браитвејт и Јунес Ел Несири беа стрелци на головите за Леганес, кој го остави Еспањол на последната позиција со само 12 постигнати голови сезонава. Двата гола беа после убави акции и добра реализација. Леганес е екипа за која шпанските фудбалери сезонава постигнале најмалку голови, само 4. Откако на клупата им седна Хавиер Агире, имаат по две победи, нерешени и порази, а поразите беа од Барселона и Сеилја.
Еспањол пред 27 сезони истотака имаше само две победи и четири ремија во 18 кола, но се спаси од испаѓање.