32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Ветеранот Ешли Кол по пет години се враќа во Англија

Ветеранот Ешли Кол, кој веќе пет години игра во САД, за екипата на Лос Анџелес галакси, наскоро би можело да се врати во родната Англија и да заигра за Дерби каунти, тим чиј тренер е Френк Лампард, поранешниот соиграч на Кол од Челзи.

Дерби се натпреварува во Шампионат лигата и ако го донесе 38-годишниот ветеран, тоа би било големо засилување за нив. Освен за Арсенал и Челзи, Кол има играно и за Рома и ЛА Галакси.

Лампард и Кол додека беа заедно во Челзи, освојуваа премиерлигашки титули и Лигата на шампионите, а левиот бек во сезоната 2003/04 беше и дел од тимот на Арсенал кој е познат како „непобедливите“, бидејќи сезоната во Премиер лигата ја завршија без пораз. Како репрезентативец на Англија, Кол имаше 107 настапи.

- Оглас -

Најнови вести