1114 Вест хем – Вулверхемптон (21:00)
Вест хем и Вулверхемптон на последните три меѓусебни дуели одиграа со по најмалку три гола, а очекувањата се дека и вечерва ќе има ефикасен фудбал во Лондон. Вулверхемптон е на втората позиција според бројот на голови кои се постигнати на нивните натпревари, вкупно 58, а само на мечевите на Брентфорд се постигнати повеќе голови.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.83)
1363 Хетафе – Еспањол (21:00)
Екипите на Хетафе и Еспањол имаат ист број на бодови во Ла Лига, по 13 и се во долниот дел од табелата. Бодовите се императив за двете екипи, а во мала предност е Хетафе, пред се поради домашниот терен. Хетафе на последниот првенствен натпревар на домашен терен го победија Ваљадолид со 2-0, додека Еспањол е катастрофален гостин оваа сезона. Екипата од Каталонија непоразена остана само на гостувањето кај Атлтико Мадрид, кога одигра 0-0. Овој натпревар се одигра уште во месец август.
Предлог тип: 1Х & 2+ (1.77)
1649 Јанг Утрехт – Ајндховен (20:00)
Втората холандска лига е синоним за голови и едно од најефикасните првенства во Европа. Екипите на Јанг Утрехт и Ајндховен оваа сезона имаат ист ефект, барем кога во прашање е ефикасноста. На нивните првенствени натпревари се постигнати по 47 гола, а двете екипи имаат одиграно по 17. Тоа би значело дека имаат просек од по речиси три гола на натпревар.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.06)
3191 Железничар Сараево – ГОШК Габела (18:00)
Сараевски Железничар е апсолутен фаворит против ГОШК Габела. Домашните се на четвртата позиција и во борба за излез во Европа, додека гостите веќе може да се поздрават со босанската Премиер лигата, бидејќи се претпоследни со 12 бода заостанување од сигурната зона. На последните два меѓусебни натпревари Железничар победуваше со 2-1 и 3-0.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.09)
2892 Амедспор – Санлиурфаспор (18:00)
Интересен меч попладнево се игра и во турската Втора лига. Амедспор го пречекува составот на Санлиурфаспор, екипи кои се во долниот дел од табелата и во борба за избегнување на испаѓањето. Пет од нивните седум последни меѓусебни дуели завршија со по најмалку три гола, па такви се очекувањата и за денешниот меч.
Предлог тип: 1+I&3+ (2.40)