Еспањол го разреши и третиот тренер оваа сезона

Еспањол во една сезона разреши тројца тренери, денес ја прекина соработката со Абелардо Фернандес. Легендата на Барселона застана на жешкото столче на фенерџијата во Ла Лига во декември минатата година и го предводеше тимот во 17 меча без поголем успех.

Пред Абелардо, Еспањол соработуваше со Пабло Мачин и Давид Галјего, кои поради исти причини остана без работа, по што екипата се наоѓа на последното место на табелата во Ла Лига со големи шанси да испадне во втората лига.

Во последните седум кола од шпанскиот шампионат, Еспањол ќе го предводи Хоакин Руфете, моментално спортскиот директор, а по крајот на сезоната ќе се бара нов стратег. Еспањол во 32-то коло ќе го пречека тимот на Реал Мадрид, тој меч е закажан за утре во 22 часот.

- Оглас -

Најнови вести