Еспањол го шокираше Реал Мадрид, а можеби стрелецот претходно заслужи црвен картон (Видео)

Реал Мадрид доживеа шокантен пораз (1-0) од Еспањол, иако важеше за огромен фаворит пред почетокот на мечот. Стрелец на победничкиот гол беше Карлос Ромеро во 85-та минута, откако зафати волеј удар на вториот дирек по центаршутот на Ел Хилали.

Но, Кралевите сигурно ќе имаат примедби на судењето затоа што токму стрелецот на голот во 61-та минута можеше да биде исклучен, откако од зад грб го покоси Килијан Мбапе. Но, таква одлука не беше досудена, а потоа Карлос Ромеро го реши натпреварот.

Реал Мадрид имаше неколку изгледни шанси, но не ги реализираше.

Сега Кралевите имаат само еден бод пред Атлетико Мадрид во пресрет на меѓусебното градско дерби.

- Оглас -

Најнови вести