1321 Виљареал Б – Еспањол (21.00 часот)
Еспањол, кој испадна од Ла Лига минатата сезона, сака експресно да се врати во елитата и за тоа потребно му е да освојува бодови кај аутсајдерите. Токму вториот тим на Виљареал е аутсајдер на денешниот натпревар. Еспањол е втор на табелата со еден бод помалку од лидерот Тенерифе и доколку не загуби, ќе се искачи на првото место. Вториот тим на Виљареал по девет кола има само две победи и за очекување е ниту денеска да не се радува.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.99)
2842 У. Клуж – Сепси (20.00 часот)
Ова е дуел меѓу два тима кои се наоѓаат во долниот дел од табелата во романскиот шампионат. Универзитатеа Клуж по 11 кола има 12 освоени бодови, исто како и Сепси, кој пак има натпревар помалку. Иако меѓу себе одиграле само три меча на коишто нема многу постигнати голови (1:2,0:1,0:1), сезонава редовно постигнуваат голови. На последните два меча на У. Клуж беа постигнати дури осум гола, додека последните пет дуела на Сепси завршиле најмалку со два постигнати гола.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)
2816 Хелсигор – Вендисел (19.00 часот)
Ова е натпревар од данската втора лига, и тоа меѓу екипи кои се наоѓаат во долниот дел од табелата. Хелсигор е претпоследен со осум освоени бода од 11 меча, додека Вендисел има шест бода повеќе и се наоѓа на седмото место. Првиот натпревар годинава заврши со триумф на Вендисел, но традицијата е на страната на Хелсигор кога игра пред своите гледачи. На последните четири меча на свој терен, Хелсигор има два триумфа и две ремија. Последните два дуела кои ги играше дома, завршија без голови.
Предлог тип: 1Х & 0-1 прво (2.12)
8678 Каршијака – Фенербахче (19.30 часот)
Ова е натпревар од второто коло во турскиот кошаркарски шампионат во кој фаворитот уште сега е познат. Фенербахче, кој заедно со Анадолу Ефес се главни фаворити за титулата, сезоната ја стартуваше со победа од 37 поени разлика против Бодрумспор, додека Каршијака загуби од Петкимспор. Иако Каршијака славеше на последните два меѓусебни меча на домашен терен, традицијата и квалитетот се на Фенербахче, кој сезонава има тим и пласман на фајналфор-турнирот во Евролигата и се очекува тоа да го потврди на денешниот меч.
Предлог тип: 2 Хенд 3.50 (1.97)
3714 Баерум – Стромсгодсет (Б) (18.00 часот)
Ова е натпревар од норвешката втора лига, и тоа меѓу екипи кои се борат за опстанок. Баерум по 21 коло има 22 бода и е само на еден бод од зоната на испаѓање, додека вториот тим на Стомсгодсет е претпоследен со 13 освоени бода. Победата е императив за домаќинот кој со евентуални три бода ќе скокне едно место на табелата и ќе може малку полесно да дише. Овие два тима одиграле само три меѓусебни меча и на сите три славел Баерум, и тоа со голем број голови (4:2,3:2,3:1).
Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.97)