Еспањол после 437 дена даде гол во Примера, но Атлетико во 99-та минута дојде до победата

Атлетико Мадрид со гол на Томас Лемар во 99-та минута, со пресврт победи со 2-1 на гости кај Еспањол во интересен меч од шпанската лига кој траеше 100 минути.

За Еспањол, тоа беше прв постигнат погодок сезонава, чекаа 310 минути, и прв нивен гол во првата шпанска лига после пауза од 437 дена. Атлетико после три гостувања по ред на „Корнелја“ без триумф, конечно успеа да победи.

Голот за Еспањол беше дело на Раул Де Томас, кој погоди со глава после корнер. Атлетико во последните седум сезони, никогаш не примил повеќе од два гола после нафрлување од корнер.

Антоан Гриезман, Луис Суарес и Анхел Кореа беа стартери, но головите за Јорганџиите ги дадоа Јаник Караско и Лемар. Белгиецот останува таличен за Атлетико, бидејќи кога тој дава гол (тоа било на 27 меча), Атлетико никогаш не губи. Мадридскиот тим пет години не знае за пораз од екипа која таа сезона во Примера игра како нововлезена од втора во прва лига.

- Оглас -

Најнови вести