Еспањол се врати во Ла Лига, разочарување за Санти Казорла и Овиедо

Тимот на Еспањол се враќа во елитата на шпанскиот фудбал откако излезе како победник во плејофот за пополнување на последното место во Ла Лига. Каталонскиот тим славеше со 2-0 во реваншот во Барселона против Овиедо, кој по првиот меч обезбеди минимална предност од еден гол.

Напаѓачот Хави Пуадо беше херој на домашниот тим. Тој беше двоен стрелец, постигнувајчи ги двата гола во финишот од првото полувреме.

Во 44.минута, Хави Пуадо го постигна првиот гол и го израмни резултатот во севкупниот скор, а во судиското продолжение од првото полувреме постигна и втор гол, кој се покажа клучен за враќање на Еспањол во шпанската фудбалска елита.

Овиедо останува во Сегунда, а не се исполни и сонот на легендарниот Санти Казорла, кој се врати во матичниот клуб со мисија да го врати во прволигашка конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести