Еспањол го направи првото големо изненадување во Ла Лига откако на отворањето на сезоната го совлада Атлетико Мадрид. Иако тимот на Диего Симеоне имаше предност од 0-1 на полувремето, домашниот состав блескаше во продолжението и стигна до победа.
Julian Alvarez | 🇪🇸 Espanyol 0-1 Atlético Madrid
— Goals Xtra (@GoalsXtra) August 17, 2025
What a fantastic goal by Julian Alvarezpic.twitter.com/d9DVTWM3oK
Хулијан Алварез во 37-та минута постигна гол за водство на Атлетико од слободен удар и се чинеше дека фаворитот ќе ја заврши работата.
Но, Еспањол се врати во игра во вториот дел. Мигел Рубио успеа да израмни во 73-тата минута, а Пере Миља донесе целосен пресврт со погодокот во 84-тата минута од мечот.
Pere Milla | 🇪🇸 Espanyol 2-1 Atlético Madrid
— Goals Xtra (@GoalsXtra) August 17, 2025
Espanyol comaback!pic.twitter.com/0doJrSueJg
Ова е прв пораз за Атлетико Мадрид на отворање на сезоната во Ла Лига од 2009 година.