Кристијано Роналдо во следната сезона ќе игра за Манчестер јунајтед, Баерн Минхен или Атлетико Мадрид. Ова го објави американски ЕСПН, откако денеска отпаднаа варијантите за трансфер на Португалецот во Челзи и Саудиска Арабија.
Роналдо го поврзуваа и со Рома и Спортинг Лисабон, неговиот агент го нудеше и во ПСЖ и други клубови, но како одминува времето, делува дека Роналдо ќе остане во Јунајтед, и покрај тоа што нема да учествува во Лигата на шампионите.
Кристијано е единствен фудбалер кој ги освоил англиското, шпанското и италијанското првенство, притоа секаде бил и прв стрелец. Познато е дека Роналдо е многу амбициозен, па можеби сака титула и во Бундеслигата. Плус тоа, со Баерн би се борел за титула и во Лигата на шампионите.