Естер Гонзалес Родригес е клупска колешка на нашата репрезентативка Наташа Андонова во Леванте, а со голот што го постигна со ножички викендов може комотно да конкурира за наградата „Пушкаш“.
Естер е и кралица на стрелците во Шпанија со 18 гола во најсилната фудбалска лига за дами, а со голот во 94-тата минута што го постигна на атрактивен начин му донесе и победа на својот тим од 2:1 против Уелва.
https://twitter.com/LUDfemenino/status/1365998364970676225?s=20
Андонова на овој меч ѝ беше партнерка во нападот на Естер, но нашата репрезентативка беше заменета во 56-тата минута, при резултат од 1:0 за Уелва.
Потоа се случи пресвртот, и тоа доцна во самиот финиш на мечот, кога Мендес израмни на 1:1 во 88-мата минута, а потоа Гонзалес-Родригес го постигна фантастичниот гол со удар со ножички во 94-тата минута за победа на Леванте од 2:1.