Естонија „соседски“ ја победи Литванија и ја искомплицира групата во која е Македонија

Репрезентацијата на Естонија изненадувачки ја совлада Литванија на домашен терен во балтичкото дерби со 65-59 и направи вистински хаос во групата Х, во која е и Македонија. Откако двоцифрената предност на дуелот во Скопје против Естонија се претвори во пораз за Македонија, сега Естонците со максимални две победи се први во групата пред нас и Литванија со по една победа и еден пораз. Полска е последна со два порази.

На Европското првенство ќе се пласираат три репрезентации, но Полска како еден од домаќините на следниот континентален собир е веќе таму, па останува двата патници да се побараат помеѓу останатите три селекции. Системот на ФИБА предвидува во случај Полска да биде последна во групата, најдобрите две да се пласираат на Европското првенство.

Ваквиот систем на натпревари воопшто не ни одговара и ќе мора да бркаме победа на гостувањето во Талин, но и да се надеваме дека репрезентацијата на Полска ќе одигра чесно на дуелите против Естонија во ноември и ќе победи барем еднаш, со што оваа победа од денес ќе добие на големо значење за нашата репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести