Естонците немаат победа во 11 меча, Македонија има задача да ја продолжи агонијата

Македонија вечерва гостува во Талин каде што ќе атакува на втора победа во новиот циклус од Лигата на нациите. Се очекува празнично составот на Игор Ангеловски да оствари позитивен резултат со цел формата на нашиот А тим да продолжи да оди во нагорна линија.

Низ историјата Македонија двапати гостувала во Талин и во двата наврати се враќала со победа, еднаш 4-2 во пријателска во 2004 година, а потоа и минимален триумф од 1-0 во европски квалификации. Третиот меѓусебен дуел на овие две селекции заврши без победник при 1-1 во 2007 година.

Што се однесува за Естонија, оваа селекција е во катастрофална форма од шест порази во низа, односно цели 11 натпревари нема остварено победа од кои едно е реми против Белорусија. Естонија последен пат во март 2019 година запиша триумф над Гибралтар во пријателски меч, па затоа не ѝ се дава многу шанси за позитивен резултат вечерва против нашата селекција.

Македонија пак, речиси една година е без пораз, по оној од Австрија во Виена со конечни 2-1 претрпен во ноември минатата година. Од тогаш, избраниците на Ангеловски добија три средби проти Израел, Ерменија и пред три дена против Косово, додека со Грузија ремизираше среде Тбилиси, градот во кој Македонија на 12 ноември ќе брка историски пласман на следното Европско првенство.

Затоа „двојката“ за победа на Македонија вечерва има квота 1.65, со дополнителна комбинација на голови коефициентот може да биде повисок и да виго збогати тикетот од кој се надевате на добивка.

- Оглас -

Најнови вести