Голема шанса за Србија и Хрватска – Белград и Сплит домаќини на турнирите за пласман на ЛОИ 2020

Извршниот комитет на ФИБА потврди дека Србија и Хрватска ја добија организацијата на квалификациски турнири за пласман на Олимписките игри во Токио следната година. Освен Белград и Сплит, преостанатите два турнири ќе се играат во Каунас (Литванија) и Викторија (Канада).

Квалификациските турнири ќе се играат од 23-ти до 28-ми јуни следната година, а место на завршницата ќе има само за победникот на секој од четирите турнири. Ждрепката за квалификациските групи ќе биде на 27 ноември, a земјите кои добија организација на турнирите не може да се паднат меѓу себе.

 

- Оглас -

Најнови вести