Со победата над Брајтон од 2-1, Манчестер сити постави нов англиски рекорд, а тоа е низа од 21 победи по ред на домашен терен во сите натпреварувања.
Со ова, Сити го надмина градскиот ривал Јунајтед кој во минатото имаше 20 победи едноподруго на својот „Олд Трафорд“.
Последниот пат кога Сити не победи на официјален меч на „Етихад“, беше 31-во декември 2022 година, кога дуелот заврши 1-1. Во 2023 година, Сити славеше на сите домапни дуели, без разлика дали тоа беа мечеви од Премиер лигата, Лигата на шампионите, или некој од англиските купови.