Етиопиецот Тола постави нов олимписки рекорд, Ивановски заврши на 69 место

Тамират Тола од Етиопија е победник на маратонот на Олимписките игри во Париз и тоа со време на нов олимписки рекорд од 2:06,26 што е за шест секунди подобро време од досегашниот рекорд кој беше поставен на ЛОИ во Пекинг во 2008 година.

Второто место го освои Башир Абди од Белгија кој заостана 21 секунда зад победникот, додека третото место му припадна на Бенсон Кипруто од Кенија кој задоцни 34 секунди зад побендикот, но и тоа му беше доволно да го освои бронзениот медал.

На оваа трка на која учествуваа 81 натпреварување, за прв пат свој преставник имаше и Македонија. Нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски го заврши маратонот со време од 2 часа 28 минути и 15 секунди што беше доволно за освојување на 69 место.

Жестоко беше темпото уште од самиот старт, а Ивановски во првите неколку километри држеше чекор со најдобрите. По 15 километри Ивановски заостануваше 2:20 минути зад водечкиот, а на половина од патеката Дарио имаше време од еден час 10 минути и 56 секунди, време кое беше за повеќе од шест минути послабо од тогаш водечкиот на патеката.

Како изминуваше времето, така и заостанувањето беше поголем, затоа што темпото на трчање беше жестоко. По 25 километри, Ивановски заостануваше осум и пол минути и тогаш беше на 76 место. по 31 километари беше на 71 место со заостанување од 16 минути, а на 40 километар беше со заостанување од речиси 20 минути во споредба со времето на победникот кој имаше олимписки рекорд.

Низ целната линија Ивановски влезе веејќи го македонското знаме, кое го доби од неговиот тренер Игор Јакимовски. Откако ја помина целната линија, Ивановски легна на патеката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести