Еуфоричниот Мората им фрли сол на рана на Англичаните: Гибралтар е шпански!

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Алваро Мората, доби задача прв да се појави со пехарот пред собраните илјадници навивачи во Мадрид и да ги претставува своите репрезентативни колеги еден по еден.

Карвахал го нарече питбул и праша каде е Мусијала, за Родри побара да ја добие Златната топка, а не му беше доволно што ги победија Англичаните на фудбалски терен во синоќешното финале, Мората и ним им фрли сол на рана со политичка порака: „Гибралтар е шпански“.

Малата држава Гибралтар, која е на југот на Пиринејскиот Полуостров, официјално е територија на Велика Британија, таму речиси сите зборуваат и шпански, но не сакаат присоединување кон Шпанија, со која имаат блиски економски и културни врски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести