Еуфорија на аеродром: Пристигна ѕвездата која се чекаше, сега титулата делува многу поблиску

Долго време се најавуваше враќањето на Ромелу Лукаку во Интер, а тоа конечно се случи вечерва. Белгискиот репрезентативец вечерва слета на аеродромот во Милано за еуфорија кај фановите на Интер.

https://twitter.com/i/status/1541774275694182404

Вицепрвакот на Италија го договори голгетерот да дојде како позајмен играч од Челзи. Лукаку пред две години беше еден од најзаслужните за титулата на Интер во Серија А. Даде 24 гола во 36 меча, што е многу повеќе од тоа што изминатава сезона го имаше како ефект во Челзи, каде што даде само осум погодоци во 26 натпревари.

Со враќањето на Лукаку, Интер сигурно ќе биде посилен и поконкурентен во трката за Скудетото во следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести