33.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Еуфорија на патеката во Монца: Возачите на Ферари ги имаа двете најбрзи времиња на првиот тренинг

Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон го имаше најбрзото време на првиот денешен тренинг на патеката во Монца, за големата награда на Италија. Британецот кој сезонава имаше неколку разочарувачки трки, овојпат беше одличен на легендарната патека и на крајот заврши со време од 1:20.117.

Веднаш зад Хамилтон беше вториот возач на Ферари, Шарлс Леклер. Французинот заврши со 169 илјадитинки послабо време од тимскиот колега. Сите останати возачи имаа најмалку половина секунда задоцнување зад најбрзиот.

Според квотите во Sport Life, Хамилтон е дури шести фаворит да ја освои пол-позицијата на утрешните квалификации. Британецот да биде најбрз во квалификациите е со квота од 26, додека многу поголеми шанси се даваат на другиот возач на Ферари, Леклер (6.50).

- Оглас -

Најнови вести