Повеќе од една година помина кога последен пат Нејмар беше на фудбалскиот терен, а сега се е подготвено за негово враќање. Капитенот на бразилската репрезентација имаше тешка повреда на коленото, но таа сега е минато.
Нејмар со својот Ал Хилал ќе гостува кај Ал Аин во Обединетите Арапски Емирати, во меч од азиската Лига на шампиони.
„Чекањето заврши. На 21 октомври се враќам на терен. Секогаш кога ќе се повредам, се враќам поцврст“, беше пораката од Нејмар, кој отпатува на тешкото гостување во ЛШ.
https://twitter.com/i/status/1847747824223437281
Нејмар потпиша за Ал Хилал во август 2023 година, но одигра само пет меча. Потоа се повреди и тоа во дресот на бразилската репрезентација.