Србија е нов европски шампион во ватерполо, откако во вечерашното финале во полната белградска Арена каде се собраа 13.000 фанови, ја победија Унгарија со 10-7. На полувреме беше нерешено 5-5, но домаќините беа подобри во третата и четвртата четвртина, па се радуваа на златото заедно со публиката.
Ова беше трето финале на ЕП помеѓу Србија и Унгарија и трета победа на Србите, после оние во 2006 и 2014 година.
Најдобар стрелец во селекцијата на Србија вечерва беше Душан Мандиќ со четири гола, а се истакна и голманот Глушац со 10 одбрани.

