Еуфорија во Белград: Стадионот на Ѕвезда почна да се полни на три часа пред натпреварот

Српските медиуми објавија фотографии од пред стадионот „Рајко Митиќ“, фотографирани во 18 часот, и велат дека како ретко кога народ почнал да се собира пред стадион дури на три часа пред натпревар.

Ѕвездашите се нетрпеливи, одвај чекаат мечот да почне и тие да бидат 12-ти играч на Црвено-белите. Ѕвезда се бори за влез во Лигата на шампионите, но ќе мора да биде подобра од Макаби Хаифа за два гола. Со минимална победа на српскиот првак, ќе има продолженија.

Белградската „Маракана“ ќе биде преполна, еуфоријата е присутна, останува уште фудбалерите на терен да ги оправдаат големите очекувања.

- Оглас -

Најнови вести