Грчкиот гигант Олимпијакос доставил понуда до Манчестер јунајтед за бразилскиот крилен напаѓач Ентони, информира „Скај Спортс“. Клубот од Пиреја го бара 24-годишниот фудбалер на позајмица до крајот на сезоната.
Многу е веројатно дека Ентони ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари, а интерес за него има од неколку клубови. Олимпијакос се обидува да биде најбрз и да го добие фудбалерот за вториот дел од сезоната.
Бразилецот има 12 настапи од почетокот на сезоната за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи само еден гол.