Еуфорија во Нови Пазар: Адем Љајиќ со „бомба“ од 30 метри донесе победа за својот локален клуб (Видео)

Поранешниот фудбалер на Фиорентина, Рома, Интер, Торино, Бешикташ и Караѓумрук, Адем Љајиќ, на најдобар можен начин го имаше своето деби на клубот од местото од каде што потекнува и е роден, Нови Пазар.

Тој на мечот против Напредак од Крушевац во игра влезе во 58-мата минута, а веќе во 67-мата постигна гол за погодок со прекрасен удар од 30-тина метри, со што ја крена публиката на нозе.

Нови Пазар живее во фудбалска еуфорија со доаѓањето на Љајиќ, а денешната победа само уште повеќе ги крена апетите на клубот кој во моментов се наоѓа на седмата позиција со 10 поени.

- Оглас -

Најнови вести