Еуфорија во Њујорк, може ли и третпат по ред да падне Бостон селтикс?

Кошаркарите на Њујорк никс имаат водство од 2-0 во победи против актуелниот шампион Бостон, откако победија на двата натпревари на гостински терен. Вечерва од 21.30 часот се игра првиот дуел во „Медисон Сквер Гарден“, а еуфорија го зафати целиот град. Најевтините билети чинат преку 600 американски долари.

Бостон е фаворит според квотите и на третиот меч кој е закажан за 21.30 часот, но Њујорк покажа дека го знае рецептот како да победи против Селтикс.

Во последните две сезони, Њујорк ја завршуваше плејоф-серијата во полуфиналето на Источната конференција, а сега се обидува да се пласира во финалето на Истокот за првпат од 2000 година.

Голден Стејт повторно е без Стеф Кари, па Минесота е фаворит и на вечерашниот меч на гостински терен.

Покрај стандардните квоти, во Полноќниот експрес на Sport Life можете да одиграте и на индивидуалниот ефект на кошаркарите за постигнати поени, асистенции, скокови и погодени тројки.

- Оглас -

Најнови вести