Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, е на чекор до враќање во клубот, тврди новинарот Николо Скира, кој е добро запознаен со случувањата во редовите на Римската волчица. Се очекува Тоти да ја преземе функцијата технички директор на клубот.
Четириесет и деветгодишниот Франческо Тоти е еден од ретките фудбалери во светот кој настапувал само за еден клуб во текот на целата своја кариера. По завршувањето на играчката кариера во 2017 година, тој стана директор во Рома, но две години подоцна ја напушти таа функција.
Во дресот на Рома, Тоти го освои Скудетото во сезоната 2000/2001, а има и по два трофеја од Купот и од Суперкупот на Италија.

