Репрезентацијата на Словенија е на добар пат да обезбеди пласман на Европското првенство во Германија, што ќе биде за нив второ, по она во 2000 година. Во моментов ја делат првата позиција со Данска со по 19 бода, четири повеќе од третопласираниот Казахстан.
Токму репрезентацијата на Казахстан ќе им биде противник во последниот меч, кој многу веројатно и ќе одлучува кој ќе се пласира на континенталниот собир. Натпреварот ќе се одигра на 20 ноември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, кој има капацитет од 16.000 гладечи, а денес веќе е комплетно распродаден.
Пред натпреварот со Казахстан, Словенија ќе ѝ гостува на Данска и со евентуална победа во Копенхаген, ќе го обезбеди пласманот на Европското првенство, но во спротивно тоа ќе треба да го стори токму против Казахстан во Љубљана.