37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Еуфорија во соблекувалната на Милан, Консеисао одигра латино танц со пура во уста (Видео)

Новиот тренер на Милан, Португалецот Сержо Консеисао, само што седна на клупата на Росонерите освои трофеј, неговиот тим со голем пресврт извојува победа од 3-2 над градскиот ривал Интер во финалето на италијанскиот Суперкуп, а фудбалерите се уверија дека новиот шеф и не е толку лош, напротив, измами насмевки од сите нив и ги натера да пејат додека тој танцува со пура во уста.

После полуфиналето, Консеисао рече дека не е тука за да стекнува пријателства, туку за да победува. Важи за човек кој ретко се смее, не е премногу близок со играчите, но синоќа после победата покажа сосема друго лице.

Истото го правеше и кога освојуваше трофеи со Порто, традицијата ја продолжува и во Милан.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести