Еуфорија во Србија, Вучиќ најави премија од 200.000 евра за секој кошаркар ако го победат САД на ОИ во Париз

Кошаркарска Србија се надеваше дека ќе дојде до првото злато од светските првенства како независна држава, но во финалето беа поразени од Германија и мораа да се задоволат „само“ со сребреното одличје.

Сребрените кошаркари денес беа на прием кај Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој најави големи премии за златен медал од Олимписките игри во Париз следната година.

„Кошаркарите покажаа шампионско срце и енергија. Знаев дека ќе ѝ вратат на државата повеќе од тоа што таа им дала. Посебна благодарност за Бориша Симаниќ. Овие момци успеаја да ја обединат целата земја. Хајрудин Реџов, Бошњак од Сјеница, се понуди да го донира бубрегот за Симаниќ. Чекаме злато од Париз, не сребро, туку злато. Гледам дека Леброн Џејмс ги собира најдобрите играчи, ете ни прилика да ги победиме. Им благодарам на сите членови на тимот, на нивните семејства, на луѓето во Кошаркарскиот сојуз. Извинете, заборавив. Ја зголемуваме наградата, за злато од Париз секој од вас ќе добие по 200.000 евра, тоа ќе биде петтата највисока премија во светот“, рече Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести