Репрезентациите на Босна и Херцеговина и Португалија вечерва во Зеница ќе го одиграат својот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство. Португалците се веќе таму, а за домашните овој натпревар е да се биде или не.
Сепак, најголемо внимание привлекува присуството на Кристијано Роналдо. Голем број на фанови се присутни пред хотелот, па откажана беше и планираната прошетка на репрезентативците, кои се одлучија да им отпоздрават на насобраните фанови од кровот на хотелот.
Но, голема среќа имаа вработените во хотел „Зеница“, каде што е сместена репрезентацијата на Португалија. Персоналот на хотелот утринава имаше среќа да се фотографира со големата ѕвезда, а тоа го споделија и на социјалните мрежи.