Еуфоријата започна: Бензема пристигна, утре ќе биде претставен пред 60.000 навивачи (Видео)

Само еден ден откако го одигра последниот меч за Реал Мадрид, Карим Бензема беше промовиран како нов играч на Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Искусниот 35-годишен напаѓач одигра 14 сезони во Реал Мадрид и откри дека мислел кариерата да ја заврши во Кралскиот клуб, но сепак се случило нешто неочекувано.

„Сонот ми беше да потпишам за Реал Мадрид и да останам таму, но се појави нова можност. Одлуката ја донесов во разговор со семејството. Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, но сметам дека ова беше вистински момент да си заминам и да започнам нова приказна“, рече Бензема, кој вечерва пристигна во Џеда, во Саудиска Арабија, и беше еуфорично пречекан.

Бензема доаѓа во тимот на Ал-Итихад, кој неодамна ја прослави шампионската титула во домашното првенство и во следната сезона ќе биде ривал со Кристијано Роналдо, кој е дел од Ал-Наср.

Според планот, Бензема утре треба да биде претставен на фановите на неговиот нов клуб, а на стадионот треба да биде поздравен од 60.000 навивачи.

- Оглас -

Најнови вести